Родриго реагираше на Инстаграм откако дозна дека не е номиниран за „Златната топка“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Родриго не беше среќен по листата со номинирани фудбалери за „Златната топка“ на францускиот магазин „Франс Фудбал“.

Родриго сметаше дека треба да се најде на списокот откако му помогна на Реал Мадрид да освои неколку титули, но тоа не се случи.

Бразилецот објави колаж од шест фотографии од минатата сезона со освоени пехари и така сакаше да покаже дека не е среќен од списокот на „Франс фудбал“.