Родриго се пожали: Анчелоти знае дека не сакам да играм како напаѓач!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Родриго постигна два гола и две асистенции против Валенсија, па за момент ја прекина кризата во која се наоѓаше на почетокот на сезоната.

Карло Анчелоти реши да го користи Родриго како напаѓач, иако Бразилецот не сака да игра на таа позиција.

„Вистина е дека бев разочаран со тоа што не постигнував голови, но полека влегувам во ритам. Не обвинувам никого затоа што тоа беше моја вина. Се прилагодувам на новата позиција. Сега добивам малку повеќе слобода да се движам на страните од теренот. Анчелоти знае дека не сакам да играм како напаѓач, но тоа го правам поради него. Тој ми е како татко“, вели Родриго.