Рохо на капитенот на Расинг му ја скрши вилицата (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Дуелот помеѓу Фламенго и Расинг во Копа Либертадорес го одбележа стравотниот судир помеѓу Маркос Рохо и неговиот капитен Сантјаго Соса кој заврши со сериозна повреда.

Фламенго славеше со 1:0, а во надополнето време Рохо и Соса се обидоа да ја освојат топката со желба за израмнување на резултатот.

Но, тоа доведе до силен судир во кој Рохо со лакт го удри својот капитен и, како што се покажа, му ја скрши вилицата.

Ужасни фотографии веднаш се појавија на социјалните мрежи и јасно се гледаат последиците од судирот, оток, крв, исекотини.

.