Рој Хоџсон на 75 години се врати да му биде тренер на Кристал Палас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристал Палас неодамна го отпушти Патрик Виера, а денеска на кормилото го врати легендарниот Рој Хоџсон, кој и на 75-годишна возраст ќе работи како тренер.

Премиерлигашот имаше добар почеток на сезоната со Виера, но екипата потоа влезе во криза и се наоѓа блиску до опасната зона.

Хоџсон ќе се обиде да го спаси клубот од испаѓање во понизок ранг, а ова ќе му биде нов ангажман во тимот во кој работеше и од 2017 до 2021 година.