Рој Кин ги нападна ѕвездите на Јунајтед: Беа обично ѓубре!


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, беше фрустриран од поразот од Арсенал (2:0).

Рубен Аморим во средината на второто полувреме направи тројна промена, донесувајќи ги на теренот Маркус Рашфорд, Џошуа Циркзе и Лени Јоро.

Кин особено беше остар кон Рашфорд, кој оваа сезона постигна седум голови.

„Погледнете ја неговата игра со глава. Дали резервистите на Јунајтед направија нешто откако влегоа? Ништо. Не направија ништо“, рече Кин и додаде:

„Јунајтед не заслужи ништо. Беа обично ѓубре“.

Јунајтед е на 11. место со 19 бодови, а следниот натпревар го игра со Нотингем Форест во сабота.