Ројс по 12 години ќе замине од Борусија Дортмунд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот германски фудбалер Марко Ројс ќе ја напушти Борусија Дортмунд по 12 години поминати во бундеслигашот.

Ројс оваа сезона настапи на 24 меча и постигна шест голови за „милионерите“, кои не планираат да му ја продолжат соработката.

Како нов тим на Ројс се споменува Борусија Менхенгладбах каде што играше пред да се пресели во Дортмунд.

Германецот за „милионерите“ одигра вкупно 610 натпревари во кариерата, а притоа постигна 236 голови и 156 асистенции.