Ројс: Сакам да ја завршам кариерата во Борусија Дортмунд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс во моментов преговара за продолжување на договорот со бундеслигашот бидејќи актуелниот му завршува на крајот на сезоната.

Германскиот репрезентативец во мај ќе наполни 34 години, а еден месец подоцна ќе остане без договор со „милионерите“, па затоа преговара за нова соработка затоа што сака да остане во Дортмунд до крајот на кариерата.

„Би сакал да останам во Дортмунд до крај на кариерата. Преговараме и наскоро сè ќе биде познато“, кажа Ројс.

Ројс одигра 21 меч оваа сезона за „милионерите“, а притоа постигна осум гола и седум асистенции.