Ројс сè поблиску до „Театарот на соништата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Марко Ројс би можел наскоро да замине од Борусија Дортмунд, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед.

Новинарот Фалк објави дека Ројс имал состанок со Ерик Тен Хаг и договорил соработка со „ѓаволите“, која ќе биде потврдена следното лето.

Ројс за шест месеци ќе стане слободен фудбалер, а засега не е познато каква плата ќе добие Германецот од премиерлигашот.

Борусија Дортмунд сака да го продаде уште сега бидејќи ова е последна шанса да заработат пари од негов трансфер, меѓутоа останува да видиме дали „ѓаволите“ се подготвени на таков потег.