Ројс со совет до Џејдон Санчо по интересот од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејдон Санчо со своите партии во дресот на Борусија Дортмунд го привлече вниманието на бројни европски клубови, а најсериозен е интересот од Манчестер Јунајтед.

Се верува дека „ѓаволите“ веќе ги договориле личните услови со Санчо кој би требало да заработува околу 400.000 фунти неделно.

Неговиот соиграч од Борусија Дортмунд, Марко Ројс го посоветува играчот да остане во Борусија Дортмунд уште најмалку една сезона за да стане уште подобар. Сепак, мала е веројатноста тој да остане уште во клубот.

„Џејдон е неверојатен играч и дефинитивно ќе остане мета на многу клубови, тоа е факт. Тој сега игра на многу повисоко ниво од минатата сезона и јас би го советувал да остане во Борусија Дортмунд уште една година, можеби и две. Од моја гледна точка нема подобро место за него во овој момент“ –изјави Ројс.