Роке пристигна во Барселона: Ми се исполни сонот! (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Еден од најталентираните бразилски фудбалери, Виктор Роке денеска беше промовиран како ново засилување на Барселона.

Тренерот Чави Ернандез веднаш ќе може да смета на неговите услуги, иако Роке потпиша со каталонскиот гигант уште минатото лето, но остана во Атлетико Параненсе.

„Ми се оствари сонот. Уште од дете сонував да играм за Барселона. Тука сум да учам од соиграчите и да постигнувам голови. Едвај чекам да почнам“, кажа Роке.