Рома ангажира изненадувачко засилување, поранешен играч на Манчестер Сити


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Џек Родвел, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити е многу блиску до трансфер во Рома.

Некогашниот англиски репрезентативец доживеа тежок пад во кариерата иако важеше за еден од најголемите англиски таленти кога играше во Евертон.

Наводно Родвел е прв избор за тренерот на Рома, а опција е и Марсел Бушел кој лани играше за тимот на Емполи.

Двајцата играчи тренирале со клубот ова утро, но клубот од Серија А ќе ангажира само еден од нив.