Рома добива уште помалку пари за Коларов?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Александар Коларов е нов играч на Интер.

Искусниот фудбалер, кој во ноември ќе го прослави својот 35-ти роденден, одлучи да ја прифати понудата на Интер и кариерата ќе ја продолжи во редовите на овој тим.

Неговиот сега веќе поранешен тим на Рома доби скромна отштета. Иако беше спомената бројката од два милиони евра, Скај Италија тврди дека трансферот е уште помал.

Рома веднаш ќе добие еден милион евра за искусен дефанзивец, и дополнителни 500.000 евра преку разни бонуси вклучени во трансферот.

Коларов ќе потпише едногодишен договор со Интер и ќе добие 3,5 милиони евра.