Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома го договорила ангажманот на фудбалерот на Милан, Џакомо Бонавентура.
Искусниот 30 годишен фудбалер оваа сезона во дресот на Милан одигра 17 средби во Серија А, но во повеќето случаи влегуваше од клупата за резервни фудбалери.
Токму зата, Бонавентура незадоволен од својот статус во клубот најавил заминување, а Рома веднаш се впуштила кон негов ангажман.
Неговиот договор со „росонерите“ истекува по крајот на оваа сезона и тој како слободен агент ќе се пресели на „Олимпико“. Освен Рома за него се интересираат Фиорентина и Торино, но се верува дека клубот од главниот град на Италија ќе стигне до неговиот потпис.