Рома еуфорично го пречека Мурињо, а тој да ти бил полош од – Фонсека!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома го отпушти Пауло Фонсека затоа што раководството не беше задоволно од резултатите, па потоа го претстави Жозе Мурињо како нов стратег со што ги возбуди навивачите.

Мурињо е еден од најдобрите тренери и во кариерата ги предводеше Челси, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем, но со Рома не му оди најдобро во моментов.

Екипата од Рим по 12 одиграни кола имаат само 19 бода, додека минатата сезона тимот под водство на Фонсека освоил пет бода повеќе.

Португалецот потпиша тригодишен договор со Рома и имаше шест триумфи во првите седум кола, но сега влезе во криза и по поразот од Лацио во градското дерби многу работија се променија во тимот.