Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Рома сериозно ги засилија своите редови откако го потврдија ангажманот на Хенрик Микитаријан.
Ерменскиот репрезентативец пристигна во Рим и во моментов се наоѓа на медицински прегледи, а од Рома на своите профили на социјалните мрежи објавија фотографии од пристигнувањето на сега веќе поранешниот фудбалер на Арсенал.
Микитаријан со „римската волчица“ ќе потпише договор за едногодишна позајмица, а се уште не е познато дали клубот ќе има право за откуп на неговиот договор.
Интересно е тоа што трансфер размената која го одбележа јануарскиот преоден рок пред две години склучена помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал воопшто не вроди со плод, па и Алексис Санчез и Хенрик Микитаријан ги напуштија клубовите и се преселија во Серија А.