Рома и Милан ќе водат битка за – Алиоски!?


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го напушти Лидс откако му заврши соработката со премиерлигашот на крајот на сезоната, па сега нашиот фудбалер бара нов клуб.

Очигледно нема да има проблем да си пронајде нов предизвик во кариерата бидејќи за неговите услуги се заинтересирани многу екипи, меѓу кои и неколку гиганти од Турција, но и две екипи од Италија.

Николо Шира објави дека менаџерот на Алиоски го понудил неговиот клиент на Милан и Рома, кои имаат потреба да се засилат на левата бековска позиција.

Левиот бек си замина од Лидс целосно бесплатно, па без сомнеж би можел да биде квалитетно засилување за калчолигашите зашто и во минатата сезона за премиерлигашот беше многу добар и постигна два гола и три асистенции.