Рома ја оствари најголемата победа во сезоната без Мурињо (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рома во дербито на осмото коло од Серија А славеше како гостин против Интер со 2-1, откако поранешниот шампион од Милано повторно ги разочара навивачите.

Римјаните беа без суспендираниот тренер Жозе Мурињо, но и покрај тоа славеше на гостувањето во Милано, па така се искачи на четвртото место и има 16 бодови.

Интер е седми на табелата со само 12 бодови и добро го отвори мечот, па во листата на стрелци се запиша Един Џеко чиј гол беше поништен.

Домаќините конечно поведоа преку Димарко, а овој пат ВАР не им ја расипа веселбата, но затоа Рома ги шокира „нераѕурите“ преку Дибала и Смолинг.