Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пишува дека од Рома подготвиле понуда во висина од 8.5 милиони фунти за позајмицата на Смолинг да ја претворат во перманентен трансфер.
Јасно е дека двата клуба ќе преговараат за јануарски трансфер на англискиот дефанзивец кој започна одлично во Италија, меѓутоа понудата на „волчицата“ не е ни блиска до тоа што го бара Манчестер Јунајтед.
Имено, „ѓаволите“ за да се ослободат од 29 годишниот стопер ќе бараат најмалку 19 милионифунти, што е за десет милиони фунти повеќе од тоа што го нуди Рома.
Останува да видиме дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик и дали Смолинг ќе остане подлого во Рома.