Рома не може да си го дозволи Смолинг, играчот ќе се врати во Јунајтед


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рома не може да си го дозволи фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Крис СМолинг кој во моментов игра во овој тим како позајмен фудбалер.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Смолинг нема да може да остане перманентно на „Олимпико“ затоа што клубот бил погоден од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Според најавите, Рома има загуби од околу 87 милиони евра, а во следниот период се очекува дополнително да се зголеми загубата.

Смолинг освен сумата од околу 20 милиони евра, ќе ја чинеше Рома доста пари и за неговата плата.