Рома преку Твитер испрати порака до синот на Де Роси (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома синоќа победија со 2-1 против Парма на домашен терен за крај на сезоната во италијанската Серија А.

Мечот на „Олимпико“ за навивачите беше емотивен затоа што од клубот се прости легендарниот фудбалер. Откако пред две години се прости Франческо Тоти, сега тоа го направи и Де Роси.

Де Роси има договор до крајот на сезоната и сите останаа шокирани, зашто не му е продолжена соработката.

Навивачите на Рома му подготвија на својот капитен достојно збогување, зашто тој тоа го заслужи со својата верност кон клубот.

На крајот на мечот направи почесен круг со своето семејство, а дури во центар на внимание беше и неговиот син, до кој испрати порака Рома преку Твитер.

„Твојот татко е син на Рим, капитен! Ти си роден во Рим“, порача Рома.