Рома пронајде замена за Џеко, но тој сака во Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Рома сеуште преговараат за продавање на Един Џеко во Интер, но истовремено се бара и потенцијална замена за него.

Доста долго се говореше околу доаѓањето на Мауро Икарди токму од Интер, што би значело дека овие два клуба само ќе ги заменат играчите.

Сепак, сега се појави уште едно ново име кое се споменува како замена за Џеко.

Во Рома сметаат дека Тимо Вернер би бил соодветна замена за Босанецот, а пратиле и понуда за него, но до трансфер тешко дека ќе дојде.

Имено, како што наведуваат германските медиуми, Вернер не сака да премине во ниту еден друг клуб, освен во Баерн, а ова прави проблем кај Рома.

Освен Рома и Наполи се заинтересирани за овој напаѓач, но ситуацијата во однос на одговорот е идентичнета од страна на Вернер.

На крајот останува да видиме дали Баерн ќе потпише со овој фудбалер или ќе остане во својот досегашен клуб, Лајпциг.