Рома сака напаѓач на Манчестер Јунајтед!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рома е заинтересирана за холандскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, да пристигне во нејзините редови.

Според пишувањата на италијанските медиуми, „Волчицата“ сака да го потпише 24-годишниот напаѓач оваа зима. Англичаните наводно се подготвени да го испратат Зиркзе во Рим во јануари, но под услов договорот да содржи откупна клаузула, се шпекулира, во износ од 25 милиони евра.

Холанѓанецот веќе играл во Италија, од 2022 до 2024 година за Болоња, а во 2021 за Парма. Тој премина од Болоња на Олд Трафорд за 40 милиони евра, но не се снајде добро на ‚Островот‘.

Оваа сезона започна само три натпревари во Премиер лигата. Вкупно одигра 345 минути и постигна еден гол.