Рома сакала да го избрка Мурињо по дебаклот од Џенова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо доби отказ од Рома по поразот од Милан со 1-3 во Серија А, а „Кориере дело Спорт“ објави дека тој за малку ќе бил избркан уште во септември минатата година.

Сопственикот Ден Фридкин сакал да го избрка Мурињо по дебаклот од Џенова (1-4) во септември. Медиумот пишува дека газдата на клубот не сакал никогаш да ја продолжи соработката со Португалецот чиј договор траеше до јуни.

Мурињо немал добри односи ниту со дел од фудбалерите на Рома, а тоа се однесува на Крис Смолинг, Лоренцо Пелегрини, Леонардо Спинацола и Ренато Санчез.