Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските фудбалери утре од 20.45 часот ќе го одиграат првиот натпревар во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, а првиот дуел се игра во Романија.
Селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета само на услугите на Аријан Адеми и Иван Тричковски, но најдобрите репрезентативци се тука.
Асистентот на селекторот на Романија, Никола Дика вели дека најголемата опасност од репрезентацијата на Македонија не доаѓа од Горан Пандев.
„Пандев е еден од најважните фудбалери на Македонија, но најопасен е Елиф Елмас, кој игра во Наполи и знае да направи голема разлика на теренот“, вели Радои Дика.
Во таборот на Романија владее оптимизам пред натпреварот и се надеваат дека ќе слават, но и ние се надеваме на три бода.