Романија – Македонија: Во Букурешт, нека продолжи успешната приказна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија во Букурешт против Романија ги стартува квалификациите за пласман на Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Романија е фаворит според  но букмејкерите и тоа е сосема оправдано според рејтингот, но Македонија покажа дека знае да победува и против многу подобро рангирани селекции.

Да се продолжи со успешната приказна

Игор Ангеловски сака да продолжи со успешни резултати и во квалификациите за пласман на Светското Првенство. Во Романија се игра многу важен натпревар, кој може да биде нашиот патоказ во овие квалификации. Со победа, Македонија веднаш ќе ја истакне кандидатурата за пласман на второто место, ако се знае дека Германија е апсолутен фаворит во групата за пласман на првото место. Добар резултат ќе биде и реми, па потоа со Исланд и со Романија во Скопје да одлучуваме за првите места, но сите мисли се насочени кон три бода. Со евентуален пораз, нема да загубиме премногу бидејќи ќе имаме еден куп шанси за поправен испит, но со победа ќе го добиеме оној импулс, за од повисока позиција да гледаме кон останатите селекции.

Ова впрочем е и генерална проба пред Европското Првенство, односно три натпревари кои кој значат и за овие квалификации но и за настапот на шампионатот. Ова ќе биде тимот кој ќе настапи на првенството и тоа токму во Букурешт.

Без Адеми и Велковски

Голем проблем за македонскиот селектор е што нема да игра Адеми поради повреда, а дополнителен проблем е повредата на последниот тренинг на бекот од Ријека – Дарко Велковски. Во отсуство на Адеми, во средниот ред треба да бидат Барди, Елмас и Николов. Во одбраната пак местото на Велковски веројатно ќе го пополни Кире Ристевски кој ќе се најде во дефанзивата заедно со Бејтулаи и Муслиу. По бочните позиции стандардно ќе се најдат Ристовски десно и Алиоски лево, а во нападот според најавите ќе стартуваме со Несторовски и Пандев. Ова значи препознатлива за нас формација 3-5-2, која во офанзива ќе преоѓа во 3-4-3, а во дефанзива во 5-3-2.

Романија по неуспесите, почна со добри игри

Романија имаше лош настап во Лигата на Нации и заврши на третото место во групата само пред Северна Ирска, а позади Австрија и Норвешка. Имаа по две победи, ремија и порази и тоа за нив беше голем неуспех. Но на последните три меча играат одлично. Прво савеа над Белорусија во пријартелски меч со 5:3, па ја декласираа Норвешка предводена од Халанд во Букурешт со 3:0, за да одиграат 1:1 во Белфаст на последниот меч. Формата оди во нагорна линија и тоа во најдобро време за нив, пред стартот на овие квалификации. Во тимот и покрај неуспехот во минатите квалификации и во Лигата на Нации, почна да владее добра атмосфера и сега сите очекуваат победа над Македонија.

Има Романија добра селекција, а особено треба да се внимава на Денис Ман од Парма во нападот, Разван Марин од Каљари, Пушкаш од Ридинг и уште неколкумина млади фудбалери кои се голема надеж на романскиот фудбал.