Романо го објави освојувачот на „Златната топка“ за 2023 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Церемонијата за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 30 октомври, но веќе станува јасно кој ќе биде освојувач на престижната награда.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека во понеделник наградата по осми пат ќе ја добие Аргентинецот Лионел Меси, кој со неговата татковина на крајот на минатата година стана светски шампион.

Меси имаше голема конкуренција од Ерлинг Халанд кој освои тројна круна со Манчестер сити, меѓутоа било решено наградата да му припадне на Аргентинецот.