Романо контра „АФП“: Меси е далеку од Саудиска Арабија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француската новинска агенција „АФП“ објави дека Лионел Меси се договорил со Ал Хилал од Саудиска Арабија за сума од 600 милиони евра, но набрзо пристигна реакција од Фабрицио Романо.

Еден од најдобрите новинари во светот, Фабрицио Романо објави нови детали и тврди дека Меси е далеку од потпис со Ал Хилал.

„Нема промени во ситуацијата со Лионел Меси. Тој одлуката ќе ја донесе на крајот на сезоната, а не сега. Понудата на Ал Хилал е на маса уште од минатиот месец. Во игра е и Барселона која бара начин како да ги исполни условите од финансискиот фер-плеј“, објави Романо.