Ромео Тревис е новиот натурализиран Македонец во најдобрата кошаркарска селекција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американецот Ромео Тревис е новото засилување за најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија. 32- годишниот Ромео Тревис кој настапува на позицијата 4 е кошаркар со исклучително интернационално искуство.
Крилниот центар во Европа е од 2007 година , кога на драфтот за НБА не добил понуда од ниту еден клуб.

На Стариот континент 201 сантиметар високиот Тревис има играно за многу клубови меѓу кои: Кантабрија, Уелва, Улм, Хапоел Гилбоа, Задар, Кимки Јужњи, Краснаја Октобар, минатата година искусниоткошаркар настапуваше во редовите на францускиот прволигаш Стразбур, а во следната сезона останува во Франција но ќе го засили тимот на Ле Ман.

Ромео Тревис од понеделник ќе му се стави на располагање на селекторот Драган Раца на подготовките за евроквалификациите.

Канцеларијата на МКФ веќе ги заврши сите формалностите и ги достави сите потребни  документите до надлежните институции – за барање за издавање на македонско државјанство.

Инаку во минатата сезона 2015-2016 Тревис како член на Стразбур од декември 2015 година на 25 меча во француската лига, имаше просек од 12,1 поени (втор стрелец во екипата) и 7,3 скока (трети скокач) за 29,7 минути по натпревар.

Исечоци од  игрите на Тревис во сезоната 2015/16  може да погледнете налинкот.