Роналдињо одлучи да го купи славниот клуб и да го спаси од целосен пропаст!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо би можел да стане новиот сопственик на кошаркарскиот клуб Монако.

Како што објави францускиот L’Équipe, Роналдињо, заедно со неговиот инвестициски фонд, е заинтересиран за преземање на кошаркарскиот клуб од Кнежевината.

Ситуацијата во Монако во моментов е многу сериозна. Клубот се наоѓа во големи финансиски проблеми, а долговите во јуни беа проценети на дури 24 милиони евра.

Роналдињо и неговиот инвестициски фонд наводно имаат многу добри односи со Кнежевината Монако, а според последните информации веќе располагаат со потребните средства за реализација на потенцијалното преземање.