Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанската репрезентација нема да настапи на Мундијалот во Катар 2022 бидејќи загуби од Македонија со 0-1 во Палермо, а тоа е второ Светско првенство (СП) на кое нема да играат по ред.
Избраниците на Роберто Манчини уште еднаш ја разочараа италијанската јавност со поразот од Македонија (0-1), но Италијанецот најверојатно ќе остане на кормилото на селекцијата откако лани го освои Европското првенство (ЕП).
Многумина беа изненадени поради елиминацијата на Италија, а еден од нив е Роналдињо, кој кажа дека СП во Катар нема да биде исто без „аѕурите“.
„Светското првенство губи многу без Италија. За тие што го сакаат фудбалот, штета е тоа што Италија нема да игра во Катар. Никогаш не би помислил дека нема да играат на Мундијал“, вели Роналдињо.