Роналдо ја одбил богатата понуда на Ал-Хилал


Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо сè уште не одлучил што ќе прави со својата кариера, бидејќи неговиот договор со Ал-Наср доаѓа до крај. Иако не е јасно каде ќе продолжи да игра, сигурно е каде нема да биде во иднина.

Согласно извештаите од медиумите, Роналдо примил понуда од Ал-Хилал, кој е голем конкурент на Ал-Наср. Саудискиот клуб бил подготвен да инвестира значителни средства за да го донесе познатиот напаѓач, но Португалецот одлучил дека не сака да премине во тим на нивниот директен ривал.

Роналдо од почетокот на 2023 година игра за Ал-Наср, каде што е еден од столбовите на тимот. Во оваа сезона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигна 35 голови и оствари четири асистенции, прикажувајќи исклучителна форма.

Фото: Принтскрин