Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Екипата на Квасија приреди мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска Арабија, победувајќи го Ал Наср со 2:1.
Домаќините поведоа со голот на Аламар во 35. минута, додека израмнувањето го донесе Садио Мане во 84. минута.
Сепак, вистинскиот шок за Кристијано Роналдо и неговите соиграчи настапи само три минути подоцна.
По контра-напад, топката дојде до Пјер-Емерик Обамејанг кој со глава ја смести во мрежата и му донесе триумф на својот тим, кој сега има само два бода помалку од Ал Наср.
Кристијано Роналдо беше видливо разочаран, бидејќи не сака да губи, особено не на ваков начин.
AUBAMEYANG SCORED THE WINNING GOAL AGAINST RONALDO’S AL NASSR 😂😂😂
— ACE (fan) (@FCB_ACEE) April 18, 2025
pic.twitter.com/x3acDwh0VL
Фото: Принтскрин