Роналдо: Ако ме сакате мене, не значи дека треба да го мразите Меси!

Кристијано Роналдо испрати порака до неговите фанови затоа што во изминатите денови повторно почнаа споредбите со Лионел Меси за тоа кој бил подобар фудбалер.

Роналдо и Меси беа ривали на теренот 15 години, а Португалецот смета дека ривалството е завршено.

„Ако го сакате Роналдо, не мора да го мразите Меси. Ние двајцата ја променивме историјата и добивме почит од цел свет. Не велам дека сум пријател со Меси, но имаме почит еден кон друг. Заврши нашето ривалство откако заминавме од Европа“, кажа Роналдо.