Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер и поранешен стратег на Реал Мадрид, Фабио Капело кажа дека Бразилецот Роналдо му правел најмногу проблеми додека бил стратег на „кралевите“.
Капело признава дека Роналдо бил огромен талент, но со него си имал и многу проблеми во соблекувалната.
„Роналдо беше најголем талент, кој сум имал можност да го тренирам. Во ист момент беше и фудбалер со кој имав најмногу проблеми во соблекувалната. Постојано излегуваше и се забавуваше и правеше некои работи кои не беа потребни“, кажа Капело во разговор за медиумите.
Италијанскиот стратег тврди дека Реал почнал да запишува победи кога Роналдо заминал во Милан.
„Роналдо замина во Милано и ние почнавме да победуваме. Беше најталентиран фудбалер, без никаков сомнеж“, објасни Капело.