Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ објави колку пари заработуваат фудбалерите во Серија А, па може да се каже дека Кристијано Роналдо е недопирлив на врвот.
Ѕвездата на Јувентус заработува дури 31 милион евра годишно, па тој е убедливо најплатениот фудбалер во италијанската лига.
Многумина ги интересираат и платите на македонските репрезентативци, кои настапуваат токму во Серија А, а Елиф Елмас е најплатен во Наполи, со тоа што добива 1,5 милиони евра годишно.
По Елмас следува Илија Несторовски, кој го носи дресот на Удинезе и добива по 600.000 евра по сезона.
Пандев е најслабо платен во моментов од македонските фудбалери во Серија А, па во дресот на Џенова заработува 350.000 евра по сезона.