Роналдо бил плачко: Легендарен голман му одбранил пенал, па Португалецот не сакал да ги размени дресовите со него


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи на сите времиња, но познат е и по неговиот темпераментен карактер, посебно кога работите на теренот не одат најдобро за него.

Имено, легендарниот голман на Киево, Стефано Сорентино сподели една интересна случка од минатата сезона.

Во натпреварот од 20. коло, Јувентус го победи Киево со 3:0, но Сорентино во 52. минута му одбрани пенал на Кристијано Роналдо. Искусниот голман по крајот на натпреварот побарал да го размени дресот со Роналдо, но тоа Португалецот не го сакал.

„Зошто не ги сменивме дресовите? Беше лут. Тој е голем шампион и не сака да губи. Не даде гол и поради тоа не беше задоволен. После го сменив дресот со Дибала“ –изјави 41 годишниот голман.