Роналдо бил убедливо прв на гласањето за фудбалер на векот, а Меси едвај завршил втор!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Фудбал Глоуб“ избра најдобар фудбалер за 21 век, односно во период од 2001 до 2020 година и наградата ја доби Кристијано Роналдо, кој заврши пред Лионел Меси, Мохамед Салах и Роналдињо.

Роналдо добил дури 38% од гласовите, по што следел Меси со 24%, а еден процент помалку имал Салах, додека на четвртата позиција бил Роналдињо со 14% од гласовите.

Кога е гласањето во прашање тоа беше во неколку фази. Првата траеше од 23 до 7 декември и публиката онлајн гласеше помеѓу 10 кандидати, а тројца потоа се пласираа во финалето.

Потоа повторно публиката гласаше за тројцата во финалето. Секој регистриран корисник на официјалниот сајт можеше да гласа еднаш, но публиката на крајот го немаше конечниот збор. Гласот на жирито вредеше 60%, а гласот на публиката 40’, Роналдо и од двете страни доби најголем процент.