Роналдо даде хет-трик и со три збора им се одмазди на новинарите!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо одговори на критиките на најдобар можен начин откако постигна хет-трик за малку повеќе од половина час.

Роналдо стрелаше трипати во мрежата на Каљари, но многумина го нападнаа дека Португалецот бил купен да постигнува голови во Лигата на шампиони (ЛШ), а не против просечни екипи.

По елиминацијата од Порто, Роналдо се најде удар на многу критичари, а веднаш почнаа шпекулациите за негово враќање во Реал Мадрид.

По мечот против Каљари, новинарите го бараа Португалецот за изјава, а кога дојдоа до него, стигна и „одмазда“ од три збора.

„Не давам изјави“, кратко одговори ѕвездата на Јувентус.

Роналдо сезонава постигна 30 голови на 30 натпревари, но „Старата дама“ остана без трофејот во ЛШ.