Роналдо доби часовник од Ал Наср вреден 800.000 евра (Фото)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред Нова година потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија и ќе заработи околу 500 милиони евра ако го одработи договорот до крај.

Португалската ѕвезда, освен милионите, доби и посебен подарок, односно часовник вреден 800.000 евра.

Часовникот беше специјално направен за Роналдо од бело злато, скапоцени и полускапоцени камења и нараквица од кожа од алигатор.