Роналдо добил понуда од друг тим, но мора да прифати еден услов!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо долго време сака да си замине од Манчестер јунајтед, а желбата може да му се исполни наскоро затоа што за неговите услуги е заинтересиран еден тим.

Роналдо не добива голема минутажа во Манчестер јунајтед под водство на тренерот Ерик Тен Хаг, па спас му нуди американскиот клуб Интер Мајами.

Интер Мајами, чиј газда е легендарниот Дејвид Бекам, планира да го ангажира Роналдо, но има еден услов кој мора да го прифати Роналдо.

Роналдо мора да го прекине договорот во јануари со англискиот гигант, по што ќе се отвори можност да се пресели во Интер Мајами, кој нема доволно пари за да го откупи неговиот договор од премиерлигашот.