Роналдо доживе понижување: Само погледни колку години има!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓



Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо на 40 години игра за саудискиот Ал-Наср, иако веќе некое време се шири приказна дека би можел да се врати во Европа, каде остави голем белег играјќи за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Португалската ѕвезда пристигна во саудискиот клуб како слободен играч откако во скандал го напушти Манчестер Јунајтед, каде имаше конфликт со тренерот Ерик тен Хаг.

Две и пол години подоцна, германскиот Bild објави каде Кристијано Роналдо можел да заврши пред да потпише за Ал-Наср.

Според Bild, Жорж Мендеш, агентот на CR7, го предложил на Бајерн, а баварските шефови веднаш донеле одлука.

Според тој извор, шампионот на Бундеслигата одбил трансфер на Кристијано Роналдо поради неговите години и платата што ја бараше, и така заврши во “Лигата на ѕвезди”. Мендешу му било кажано да “погледне колку години има Роналдо” и дека едноставно клуб како Бајерн не може да плаќа огромни суми за некој “старец”.

Мендеш потоа го предложил Роналдо на Борусија Дортмунд, но и оваа понуда била одбиена. Ни “Милионерите” не се подготвени да отстапат место на голема ѕвезда од слични причини.

Фото: Grok AI