Роналдо е феномен – истиот број голови го постигна пред и по 30 години! (Видео)


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Кристијано Роналдо непрекинато ја одржува својата доминација во Саудиската лига, а синоќа не ја изневери својата голгетерска умешност на натпреварот меѓу Ал Наср и Шабаб, кој заврши со нерешено 2-2. Португалскиот ас повторно беше во центарот на вниманието со уште еден прекрасен гол.

По сигналот за офсајд од помошниот судија, голот најпрво беше поништен. Но, ВАР-технологијата докажа дека голот е регуларен, што му овозможи на Роналдо да го прослави својот 926. погодок во кариерата.

Она што ја прави оваа статистика навистина извонредна е фактот дека со овој погодок, Роналдо го изедначи бројот на голови кои ги постигнал пред својата 30-та година (463) со бројот постигнат од тогаш до денес.