Роналдо е голем човек: Португалецот запре меч за да се слика со навивач! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за неговите фанови, Кристијано Роналдо секогаш ги почитува во секој можен момент, дури и ако тоа значи дека треба да се прекине натпревар, како што се случи во четвртокот.

Португалија ја дочека Литванија, славеше со 6-0, а Роналдо ја запре играта за да се фотографира со навивач.

Споменатиот навивач втрча на теренот во дресот на Јувентус, со името на Роналдо на грбот, па редарот се обиде да го исфрли, но Португалецот не му дозволи.

Роналдо се фотографираше со навивачот пред очите на изненадениот судија, а обезбедувањето набрзо го испрати навивачот надвор од стадионот.