Роналдо е клучот за мега трансферот кој Јувентус го подготвува…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус својата сезона ја заврши, осмото во низа Скудето е архивирано, но секако останува жал за Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо пред се поради тоа натпреварување е и доведен, па тоа за Јувентус е рана веќе со години наназад.

Така што и не е чудно што лидерот на Јувентус активно да се занимава со засилувања на својот тим/

Конкретно, според пишувањата на поргуалските медиуми, капитенот на репрезентацијата на Португалија активно се вклучи во трансфер сагата околу трансферот на младиот Жоао Феликс од Бенфика.

Младиот тинејџер ја фрли Европа на колена со своите партии оваа сезона, меѓутоа 19-годишниот фудбалер има висока клаузула во својот договор која изнесува 120 милиони евра.

Вербата на челниците на Јувентус се базира на тоа што Феликс е идол токму на Роналдо, неколкупати изјави дека сака да игра со него. Обајцата фудбалери го делат истиот агент, познатиот Жорже Мендеш кој има одлична соработка со Анјели и Паратичи.

Планот на „Старата дама“ е португалскиот тандем да се обиде некако да го избоксува пониска цена од онаа која стои во договорот, Јувентус и претходно имаше најголеми шанси инаку, да го донесе овој бисер во своите редови.