Роналдо е крал, а само еден човек е пред него со интернационални голови!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо синоќа му избори триумф на својот тим против Шведска во Лигата на нации (2-0).

Роналдо стигна до нов личен успех, па ја премина и бројката од 100 погодоци во дресот на репрезентацијата, односно сега има 101 погодок.

И понатаму е рекордер легендарниот фудбалер од Иран, Али Даеи, но Роналдо е меѓу најдобрите и сигурно наскоро ќе го премине и него.

На европската листа Роналдо е прв со 101 гол пред легендарниот Ференц Пушкаш (81) и Мирослав Клосе од Германија (71). На четврто место е Роби Кин со 68 гола, па следи Златан Ибрахимовиќ со 62. Потоа следат Роберт Левандовски и Давид Вилја, а топ-10 листата ја затвора Един Џеко.