Роналдо е машина – со уште една слика покажа дека има совршено тело! (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо за продолжение на фудбалската сезона се подготвува во својата вила на Мадеира. Серија А беше прекината поради коронавирусот и нејзиниот старт е планиран за крајот на мај, а сезоната треба да заврши на средината на јули.

Роналдо не одмара, па секој ден се подготвува жестоко и нема дилема дека ќе биде целосно подготвен да го дочека продолжението на сезоната.

Секако, ништо не може без фотографии на Инстаграм, па Роналдо често ги воодушевува своите фанови. Најновата фотографија која ја објави е од теретана и на неа го покажува своето совршено тело.