Роналдо е позитивен на ковид-19, ќе го пропушти мечот против Меси и Барселона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо имаше позитивен тест на Ковид 19 и на денешното тестирање, па тоа значи дека ќе мора да го пропушти мечот против Барселона во Лигата на шампиони.

Тренерот Андреа Пирло денес соопшти дека се чекаат резултатите од последното тестирање за да се знае дали Португалецот ќе може да игра против Барселона.

Роналдо се чувствува добро, тренира во изолација, но уште е позитивен на коронавирус.