Роналдо е сиромашен за него: Фудбалер на Лестер има 20 милијарди евра и 2.300 автомобили!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е прв фудбалер, кој успеа да заработи повеќе од милијарда евра во кариерата, но ако сте помислиле дека тоа е најбогатиот играч во светот, тоа не е вистина.

Младиот Фаик Болки, фудбалер на Лестер, е побогат од Роналдо. Не мораше многу да заработува во текот на кариерата, зашто е син на принцот Џефри Болки и има наследство од 20 милијарди долари.

Болки игра во вториот тим на Лестер, а роден е во Лос Анџелес и има американско државјанство. Како дете почна да тренира во Саутемптон, па потоа играше за Арсенал и Челси, по што потпиша тригодишен договор со Лестер.

Во свое сопствеништво младиот фудбалер има и неверојатна колекција од 2.300 автомобили.