Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо летово се врати во Манчестер јунајтед по 12 години и ги воодушеви навивачите на премиерлигашот.
Роналдо покажа дека ќе биде големо засилување уште на почетокот кога постигна четири гола, иако има 36 години.
Португалецот е во неверојатна физичка форма, а тоа го покажува на секој натпревар. Тој води сметка за својата исхрана и тренинзите поради што своето тело го донесе до совршенство.
Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо во режимот на исхрана на клубот вметнал две од своите омилени јадења, а тоа не ги воодушевило сите негови соиграчи.
Роналдо со години не го прекршува режимот на исхрана, а тоа очигледно му помага затоа што се наоѓа во фантастична форма.