Роналдо го фрли дресот на Јувентус, па Пирло објасни зошто го направил тоа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус ја совлада Џенова со 3-1, а Кристијано Роналдо ги загуби нервите поради големиот број промашувања, по што реши да го фрли дресот по натпреварот.

Навивачите збеснаа поради овој потег на Португалецот, па се јави тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, кој даде коментар за цела ситуација.

„Нормално е дека сака да постигне гол. Тоа е став на шампион кој секогаш сака да се покаже на теренот“, кажа Пирло.

Италијанските медиуми објавија дека Роналдо всушност не го фрлил дресот, туку му го додал на момче кое собирало топки, иако за тоа нема доказ.